Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар, што претставува зголемување од 9,4% во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак изнесувала 69.141 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5%, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.1% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.9%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.5%, Административни и помошни услужни дејности за 2.2% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.2%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести