Никчевски: Преку опремата на YLLO и личното искуство, сакам да ги поттикнам луѓето да создадат навики за еден убав живот во природа и outdoor активности

YLLO.MK е нов портал за опрема за оutdoor активности и секој што посакува да ја доживее слободата и радоста на кампувањето овој бренд ќе му го овозможи тоа, бидејќи ја има на продажба целата потребна опрема за незаборавни искуства под отворено небо.

Кровни шатори, автомобилски додатоци (кровни куфери, кровни држачи, вело држачи, водни резервоари), опрема за спортови на вода, велосипеди, се дел од богатата палета на внимателно избрани производи од искуство.

„YLLO е роден од тишината на планинските утра, солта на морскиот ветрец и мирот на мирно езеро кога светот стои.

Тоа не е само бренд – тоа е чувство. Повик да излезете надвор и повторно да откриете кои сте кога нема ѕидови што ќе ве ограничат.

Веруваме во чекори што водат кон хоризонтот, во патувања мерени не во километри, туку во спомени. Во утра што мирисаат на бор и вечери што светат со одразот на месечината врз водата. Во движење што ја буди душата и одмор што ве враќа кон себе.

YLLO е за оние кои ја прават природата свој дом, без разлика дали е на остри врвови, покрај отворено море или на мирен брег. За оние кои патуваат со отворено срце, кои живеат бавно и длабоко и кои знаат дека вистинската слобода започнува на отворено,“ се вели во описот на брендот.

И дека овој опис не е само празна флоскула туку доживеано искуство, сведочи и сопственикот на брендот Ивица Никчевски, долгогодишен планинар, скијач, велосипедист односно човек кој 30 години активно практикува  outdoor активности.

„Со спорт се занимавам откако знам за себе, моите први почетоци беа карате и мал фудбал од најмала возраст. За подоцна татко ми да ми ја пренесе љубовта кон планината. На деветгодишна возраст беше моето прво качување на Солунска глава преку Чеплес. Така што на велосипед и на планина, без разлика дали возам или турно скијам сум присутен 30 години.

Се решив да го создадам YLLO, најпрво затоа што сакав преку опремата која ја носам да ги поттикнам сите да создадат за себе и за своите најблиски еден лајфстајл кој ќе им помогне да бидат посреќни, поздрави и ќе создадат навики за еден убав живот во природа и outdoor активности,“ вели Никчевски во разговор за еМагазин.мк

Она што е особено за истакнување е понудата на шатори на покриви за автомобили, кои нудат поинакво, возбудливо искуство на кампување. Слободата која еднаш ќе се искуси, тешко се заменува со затвореноста во соби.

Погледите кои се отвораат преку шаторот поставен на автомобил кон планининските врвови, морската и езерска шир, песочните плажи, недогледните зелени долини, ѕвездените неба немаат цена и не може да се споредат со ниту еден престој во затворено, па и нека е најлуксузниот.

Убавината на шаторот на покривот лежи во неговата способност да го трансформира секое паркинг место во искуство на хотел од пет ѕвезди, без притоа да мора да ја чистите подлогата на која ќе биде поставен, да имате знаење како да наместите шатор  или пак да стравувате дали за време на престојот ќе ве посети некое животинче.

„Кровниот шатор ми беше врвот на мојот outdoor лајф стајл – без резервации, без букирање. Едноставно уживаш во слободата и си мобилен секогаш, кога сакаш и колку сакаш. Вие веќе не можете да видите автомобил без кровен шатор на Алпите и Доломитите. Мислам дека за тоа има две главни причини. Првата е слободата и менувањето на локации, кога и да посакате.

Нема букинг, нема резервација, вашиот дом е со вас и постојано сте со и во природата. Втората причина е секако многу високата цена за сместување, насекаде независно дали море или планина. Така што вие со неколку патувања сте го исплатиле шаторот,“ додава тој.

Никчевски преку YLLO  сака да создаде бренд кој ќе биде синоним за квалитет, меѓутоа по многу достапна цена.

„Тоа е многу тешко да се постигне, меѓутоа по долго истражување и тестирање на сите производи, можам најодговорно да кажам дека стојам позади секој производ како врвен квалитет,“ потенцира тој.

Предноста во однос на конкуренцијата е што нивниот тим не се трговци, туку ги ужива и користи сите производи секој ден.

„Ние сме најголеми корисници на производите  YLLO и на сите нив правиме тест ние самите. И доколку за некој производ имаме и најмал сомнеж, воопшто не го продаваме. Еве ќе ви дадам два примери за последна проверка на опремата. Сите кровни шатори имаат свои сопствени алуминиумски кровни носачи. За да можете на нив (на затворен шатор) да транспортирате велосипед, кровен куфер, СУП, кајак или друга опрема.

За да бидам сигурен дека можам да ја понудам оваа опција за нашите клиенти, однесов 380 цм пластичен кајак кој тежи 45 кг од Скопје до Арменистис, на кров на шаторот. Кога стигнав видов дека производот е со врвен квалитет и знаев дека можам да го понудам без резерва.

Последен убав тест помина држачот за два велосипеда кој има носивост до 60 кг (од 2 road и 2 e-bike), 2 e-bike со тежина од околу 55кг ги возевме по многу тежок терен околу 20 км. И овој производ се покажа дека е беспрекорен,“ додава Никчевски кој верува само во активен одмор, затоа што мисли дека само така секој човек може да одмори.

И затоа низ годините, каде и да оди и патува, сакал сета опрема да ја има со себе. Почнал со кровните носачи, кои се основа за да можеш на нив да ставаш кровен држач за велосипед, кајак, СУП или кровен куфер.

Негова топла препорака се триаголниот roof tent, држачот за кука за два велосипеди, куферот за скии и фамилијарниот кровен куфер.

Она што ќе биде понудено следно и ќе биде на продажба од август се најквалитетните кациги за велосипед, СУП даски и кајаци, и она што многу се бара а нема квалитетно решение се камп-фрижидери за приклучување и за кола 12/24v, потоа градски електричен велосипед кој се продава само во САД и Канада и најпродаван  e-bike, чиј што бренд ќе се објави пред пристигнување.

„YLLO ме поттикна повеќе да спортувам и повеќе да уживам во сите мои outdoor активности. Сега можете преку целата палета на производи, буквално да сте преку цел ден активни или на одмор да си ги земете со вас:  SUP даските, кајакот, велосипедите со држачот на кука или кровниот држач и секако вашиот дом, кровниот шатор,“ завршува Никчевски.

За производите на YlLLO.mk, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести