Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²), информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.
Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.
Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.
Фото: Unsplash














