Ниту еден од 34. обвинети за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63, а беа повредени 202 лица во оваа фаза од постапката не признал вина, објави Призма, која дошла до оценката на Основниот кривичен суд Скопје за обвинението, која има 117 страници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
На дури 109 од нив се приговорите на обвинетите и нивните над 30 адвокати.
Одбраната на првообвинетиот, сопственик на т.н. дискотека, Дејан Јованов–Деко, вината за трагедијата ја префрла кон институциите, “кои пропуштиле да го регулираат објектот“. Дел од одговорноста, според приговорот што го поднел, има и кај групата ДНК, затоа што не му пријавиле дека ќе користат пиротехника, пишува Призма.
Идентичен е и приговорот на неговиот син Михаил Јованов, кој одговорноста ја префрла кон други, како, на пример, кон покојниот Александар Карадакоски, кој се водеше како управител на т.н. дискотеката, само на хартија.
И братот на Дејан Јованов, Тодор, преку неговиот адвокат се изјаснил дека нема ниеден доказ со кој ќе се потврди дека тој бил формално одговорен во фирмата на неговиот брат, како што тврди Основното јавно обвинителството, пишува Призма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Панчо и Андреј повторно се заедно горе, во пожарот во Кочани загинаа девет членови на ДНК
Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев