Нов прв вицепремиер ќе биде Беким Сали

Поранешниот министер за здравство Беким Сали, кадар на коалицијата Вреди, ќе биде нов прв вицпремиер.

Тој доаѓа на местото на Изет Меџити, кој стана градоначалник на Општина Чаир.

Информацијата уште пред изборите ја соопшти самиот Меџити, а сега ја потврди и потпаролот на коалицијата Вреди, Дритон Сулејмани.

Засега не е познато кој ќе биде нов министер за животна средина и просторно планирање, функција која исто така ја извршуваше Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир

Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат

Фото: Сали/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести