Нови назначувања во Управата и во Надзорниот одбор на Атлантик Група

Мојца Домитер е назначена за членка на Управата на Атлантик Група задолжена за човечки потенцијали и култура, што претстваува сериозна поддршка за Управниот одбор во спроведувањето на корпоративната стратегија и за идниот развој на компанијата, информираат од таму.

-На седницата која се одржа на 4. септември, Надзорниот одбор на Атлантик Група донесе одлука за назначување на нови членови на Управата и Комисиите на Надзорниот одбор, како и за избор на Заменик претседател на Надзорниот одбор, велат од таму.

Надзорниот одбор ги потврдил новите тригодишни мандати на членовите на Управата Лади Тедески Фиорио и Среќко Накиќ (од 3. октомври 2025), како и на Мате Штетиќ (од 9. ноември 2025), заедно со актуелните мандати на Емил Тедески, Невен Вранковиќ и Зоран Станковиќ.

-Досегашната сениор извршна директорка Мојца Домитер е назначена за нова членка на Управата на Атлантик Група одговорна за областа на човечки потенцијали и култура, со почеток на тригодишен мандат од 5 септември 2025. Со најновото проширување на Управата на Атлантик Група дополнително се зајакнува менаџерскиот тим во насока на реализација на корпоративната стратегија и идниот развој на компанијата, со свеста дека луѓето и културата се клучни за успешна работа.

Мојца Домитер има повеќе од 20 години професионално искуство во широкиот спектар на индустријата, вклучувајќи производи за широка потрошувачка, фармацевтска индустрија и телекомуникации. Во најголемиот дел од кариерата работи на обликување на стратегии и процеси поврзани со луѓе, водела оддели за човечки потенцијали во VIPnet, JGL Rijeka, а од 2011 година предводи клучни иницијативи од областа на културата, развојот на лидерство и процеси поврзани со луѓе во Атлантик Група.

Во компанијата имплементираше групни состави базирани на учинок, талент и унапредување, со значаен раст на ангажираноста на вработените и зајакнување на препознатливоста на Атлантик Група како посакуван работодавец. Дипломирала психологија на Универзитетот во Ријека, завршила EXECUTIVE MBA на Cotrugli Business School и дополнително се усовршила на IESE во Лондонската Бизнис школа, во Ешриџ и на Харвард, велат од таму.

Со потврдениот нов состав на Управата на компанијата, Надзорниот одбор усвоил и нови состави на неговите Комисии. Комисијата за ревизија сега ја сочинуваат претседателот Ларс Петер Елам Хакансон, членовите Андреа Гисле Јусен, Зоран Вучиниќ и Карл Вајнфуртер (избран на Главното собрание во јули 2025).

-Комисијата за развој на водство и надградување сега е сочинета од Моника Елизабет Шулце, членовите Флоренс Жантет, Весна Невистиќ, Александар Пекеч и Зоран Сушањ (надворешен експерт), а Комисијата за општествена одговорност и корпоративно управување сега е во состав од претседателката Ања Сетина Набергој, членовите Синиша Петровиќ и Нина Тепеш (надворешен експерт).

Покрај наведеното, на седницата членот на Надзорниот одбор Синиша Петровиќ беше повторно избран на функцијата Заменик претседател на Надзорниот одбор, а оваа должност ќе ја обавува заедно со веќе постоечкиот Заменик претседател на Надзорниот одбор Моника Елизабет Шулце, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести