Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се зголеми на најмалку 47

Бројот на загинати во пожарот во барот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана се зголеми на најмалку 47 лица.

Најголемиот дел од загинатите се на возраст од 15 до 20 години.

Има над 100 повредени, од кои дел се во тешка состојба. На некои од нив кожатата им е изгорена над 60%.

Засега нема официјална информација за причината за пожарот, а швајцарските медиуми пишуваат дека можен причинител се декоративни свеќи закачени премногу блиску до плафонот на барот.

Свеќите биле забодени во празни шишиња од шампањ и биле закачени премногу блиску до дрвениот плафон, кој лесно се запалил, а огнот брзо се проширил и на подот на барот, па низ целиот ентериер, кој бил направен од дрво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР нема информации за загинати или повредени македонски државјани во пожарот во Кран-Монтана

Најмалку 40 луѓе загинаа, 115 се повредени во пожар во Кран-Монтана, исчезнат и Македонец

Фото: Унсплеш/видео: Х/Times Now/The Sun

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести