Од Основното јавно обвинителство денеска информираа дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднел Обвинителен акт против Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, кој е осомничен за поткуп, и уште едно лице, кое е осомничено за примање награда за противзаконито влијание.
-Со дејствијата опишани во диспозитивот на актот првообвинетиот, директор на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, сторил кривично дело – Примање поткуп, а второобвинетиот се товари дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.
Првообвинетиот за болнички прием на лице во тешка здравствена состојба, од сведок – давател на доживотна издршка на лицето, директно побарал поголема имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морало да го изврши.
Второобвинетиот директно ја примил таквата корист за првообвинетиот за да со искористување на своето реално влијание интервенира да се изврши службеното дејствие што морало да се изврши од првообвинетиот.
При примање на дел од договорената сума во износ од 20.000 евра, второобвинетиот бил фатен на лице место од страна на полицијата.
Со Обвинителниот акт е доставен и Посебен предлог со кој обвинителството ценејќи дека не се променети околностите и нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување присуство на обвинетите, предлага да се продолжи определената и продолжувана мерка притвор спрема двајцата обвинети, велат од таму.