Од Ски центарот Попова Шапка информираа дека од денеска шестоседната жичница ќе биде во целосна функција и отворена за панорамски прошетки.
-Во однос на климатските услови, истите остануваат непроменети. Сепак, се надеваме дека свежите снежни врнежи ќе пристигнат наскоро, што ќе овозможи скијачката заедница целосно да ужива во ски-патеките на нашиот ски-центар.
Со подобрување на условите, планираме официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме за сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства, велат од таму.
Фото/видео: Ски центар Попова Шапка














