Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека денеска започнува со работа посебен шалтер за „Безбеден град“ во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје.
Шалтерот ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот и граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
„Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните,“ велат од МВР.
Фото: МВР













