Врнежите кои овие два дена ја зафатија територијата на нашата држава се очекува да престанат до утре, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Во следните денови ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.
Фото: Unsplash