Одборот на директори на Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје ја оцени како позитивна понудата за преземање од страна на Раде Кончар Трансформатори и Електрични постројки (ТЕП) ДООЕЛ Скопје, информираа од таму преку Македонската берза.
Од таму повикувајќи се на проспектот за преземање, очекуваат дека преземањето ќе ја подобри финаниската кондиција на Друштвото, неговата рентабилност, пренамената на деловните објекти и целото Друштво…
Раде Кончар – ТЕП, како што веќе пишуваше еМагазин, нуди 2.435 денари за акција, а Друштвото сака да ги преземе сите 151.709 обични акции со право на глас издадени од Раде Кончар – Апаратна техника.
Раде Кончар – ТЕП и поврзани лица веќе поседуваат 51.557 обични акции.
Понудата не важи и за 2.964 обични акции на кои им е регистрирано ограничување на правото на глас, кои ги поседува Раде Кончар -ТЕП.
Во истата не е утврдена најмалата количина акции како праг од кој ќе зависи успешноста на понудата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КХВ одобри Раде Кончар – ТЕП да даде понуда за целосно преземање на Раде Кончар – Апаратна техника
Раде Кончар-ТЕП сака целосно да ја преземе Раде Кончар – Апаратна техника