Одбраната на Нино Васев бара притворот да биде заменет со куќен притвор

На денешното рочиште за предметот „Онкологија“, одбраната на Нино Васев побара притворот да биде заменет со куќен притвор или од слобода без пасош, со образложение дека двата предмети против него се обемни и дека условите во затвор не дозволуваат соодветна подготовка на одбраната.

Вработена во аптеката на Клиниката за онкологија, потврди дека за време на директорскиот мандат на Васев, тој се потпишувал на документи за испорака на лекови преку т.н. условен буџет, односно пред завршување на јавните набавки.

Друг сведок, шалтерска работничка, потврди дека потписот на Васев стоел на сите извештаи за лекови од условниот буџет.

Според одбраната овие сведочења само потврдуваат дека Клиниката работела според закон, дури и во услови кога биле правени набавки на реверс, бидејќи се работело за итни случаи и терапија за најтешко болните пациенти.

Инаку, денеска Судот исто така информираше дека републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски не се согласил со барањето за смена на јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, која го застапува обвинението, оценувајќи дека таа ја извршува својата работа професионално, стручно и во согласност со законот.

Васев и организацискиот директор Нехат Нухи се наоѓаат во притвор во затворот „Шутка“. Второобвинетата во предметот, докторката Мери Пешевска доби условна казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ќелија на Нино Васев пронајдени три мобилни телефони

Условна казна за докторката Мери Пешевска за случајот „Онкологија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести