Стартот на електронскиот систем за регистрирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, кој засега функционира само во Скопје е во фокусот на јавноста, а е топ тема и на социјалните мрежи.
Граѓаните и експертите имаат различни забелешки, а засега не се казнува за бројните регистрирани сообраќајни прекршоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според најавите со казнување треба да се почне од 1. јануари, а до тогаш граѓаните ќе добиваат само опомена, но министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, остава простор за евентуално одложување на казнувањето, кое би стартувало од 1. февруари.
-Размислуваме дали тоа да биде на 1 јануари или на 1 февруари, заради тоа што не сакаме да наметнеме решение кое нема да биде подготвено за имплементација.
Можеби граѓаните ќе оценат дека е потребно уште еден месец за адаптација, можеби ќе продолжиме уште месец дена плус, со цел да го допровериме и да се осигураме граѓаните да бидат целосно запознаени, изјави Тошковски вчера.
Низ Македонија овој систем треба да се имплементира во средината на следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додека се чека со казнувањето, возачите почнаа да користат апликација за избегнување на прекршоци
Како граѓаните го прифатија „Безбеден град“: Најмногу реакции за казните за брзина од 51км/ч
Фото: МВР














