Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран

Судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога денеска се одложи, бидејќи тој утрово бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што требало итно да биде пренесен во Клиничкиот центар.Судијата Илија Трпков, информираше дека Трајковски такви напади имал и во текот на вчерашниот ден.

Рочиштето утрово беше закажано за во 10 часот, па одложено за во 11 часот. Откако Судот добил информација од затворот дека се чека асистенција од МВР за обвиниетиот да биде пренесен на Клиника, рочиштето се одложи за 7 август.

По одложувањето, обвинителката Верица Бержецка Крстева информираше дека во меѓувреме Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да ги следи судењата.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести