Одобрено и обвинението за Александар Нацев, вистинскиот сопственик на агенцијата која ја обезбедувала дискотеката во Кочани: Второ обвинение за трагедијата

Одобрено е и обвинението за Александар Нацев, вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување Рубикон Секјурити Солушн, која ја обезбедувала т.н. дискотека во Кочани, каде во пожар загинаа 63, а беа повредени 202 лица.

Оваа е второ обвинение за трагедијата.

Информацијата ја соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

„Обвинителниот акт беше поднесен на 4. септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица Рубикон Секјурити Солушн увоз-извоз ДООЕЛ Скопје.

Случајот е распределен кај судијката Биљана Смаќовска.

Нацев според Основно јавно обвинителство се товари дека заедно со повеќе одговорни и службени лица, како и со други засега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

Каков имот пријавил Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

Судењето за трагедијата во Кочани почнува на 19. ноември, еве кој се е обвинет

Фото: Нацев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести