Која е фирмата “Дигитал оне“, која е во фокусот поради тендерите кои ги склучила со Генералниот секретаријат при Владата

Друштвото за трговија и услуги Дигитал оне ДООЕЛ Скопје за кое еМагазин неодамна објави дека склучила договор за набавка на софтверски лиценци за виртуелна платформа со Генералниот секретаријат при Владата, вреден над 8 милиони евра, е во фокусот на јавноста поради неколкуте тендери кои ги склучила со оваа институција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од над 8 милиони евра склучи Генералниот секретаријат при Владата со „Дигитал оне„

Која е Дигитал оне

Според информациите кои може да се најдат на интернет станува збор за друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал, кое почнало да работи на 22. август минатата година.

Основач, сопственик и управител е Кристијан Арсовски.

Тој е дипломиран економист.

Според специјализираниот портал companywall.com.mk, Друштвото има двајца вработени.

Колку договорор за јавни набавки добило годинава

Според податоци на Бирото за јавни набавки оваа Друштво годинава склучило уште три договори со Генералниот секретаријат при Владата, еден со Министерството за администрација, а еден со ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести