Општествено одговорни градежни компании со механизација ќе го решаваат проблемот во Дрисла, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање одговори дека Вардариште и Дрисла се проблем со децении, но никој до сега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање.

„Веќе работиме со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании, со кои што ќе донесеме механизација и во Вардариште и во Дрисла, и ќе можеме да дејствуваме внатре се со цел да не се случува ова континуирано.

Ќе ве потсетам, МВР неодамна имаше акција во дивата депонија Вардариште, замислете дивата депонија Вардариште каде има илјадни милиони килограми смет, не пречела никому, се било тоа со години создавано, но ние ќе го решиме.

Имаше акција од МВР, каде што три лица се приведени бидејќи имале нелегални отпади таму, гореле кабли за да добијат бакар, кој што претходно го сечеле и краделе за да можат да го продаваат, и не само бакар туку и друг тип на метали. Исто така пред општествено одговорни градежни компании ќе имаме интервенција во смисла на градежно решавање на овој незаконски, див отпад и ЈП Дрисла. Се надевам дека ќе имаме простор да влеземе внатре. Така што тоа што државата треба да го направи, државата ќе го направи. 

Но исто така и сторителите ќе бидат откриени и санкционирани. Морам исто така да кажам како човек кој е професор, а не претседател на Влада, како резултат на таа хемиска реакција се создава метан кој е лесно запалива материја, и тука човек не мора да е креативен со еден обичен отпушок може да се случи тоа што се случува изминатите денови,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека со новиот градоначалник во Скопје е убеден дека и трајно ќе се реши овој проблем.

„Тука ни треба фабрика за отпад, тука ни треба производна единица која што ќе го користи метанот за производство на електрична енергија. Така што имаме планови кои што ќе ги имплементираме за трајно решение на овој проблем, не само во Скопје, туку и на цела територија на Македонија“, дополни тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ер-трактор со посебна пена, го гаси пожарот на Дрисла

Дрисла го отру Скопје: Бура од реакции на социјалните мрежи

Дрисла гори два дена, цело Скопје мириса на чад и на отрови

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести