На денешното Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски е реизбран за претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје
Тој е реизбран едногласно.
Нови потпретседатели на ЗЕЛС се градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Како што напиша на својот Фејсбук профил, Ѓорѓиевски, ЗЕЛС, фокусот во наредниот период ќе го стави на посериозна децентрализација, особено во областа на социјалната заштита, како и на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје
Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат
Каков имот пријавил Горан Герасимовски, старо-новиот градоначалник на Центар
Фото: Фејсбук/Ѓорѓиевски














