Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје, Каја Шукова е четврта

Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот пратеник на опозициската Левица, Амар Мециновиќ, одат во вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје, кој ќе се одржи на 2. ноември.

Според податоци на Државната изборна комисија (ДИК) од 99,85% обработени избирачки места, Ѓорѓиевски е прв со 39,49%, а Мециновиќ е втор со 13,21% од гласовите.

На трето место е кандидатот на владејачката коалиција Вреди, Башким Бакиу, на четврто кандидатката на коалицијата предводена од опозициската СДСМ, Каја Шукова, а на петто кандидатот на коалицијата предводена од опозициската ДУИ, Скендер Реџепи.

Најмногу гласови во Советот на Град Скопје освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на второ место е Левица, на трето коалицијата Вреди, на четврто коалицијата предводена од ДУИ, а на петто коалицијата предводена од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ во првиот круг има градоначалници во три општини

Падна бастионот на СДСМ – Струмица, нов градоначалник е Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ

Изет Меџети го победи Бујар Османи уште во првиот круг

Илустрација: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести