Отворање на новиот простор на Lotus Lounge Chair, Gallery со изложба на Владимир Лукаш – „Пикник во лавиринтот“

На 19. декември, дизајнерскиот бренд Lotus Lounge Chair, основан од дизајнерката Анита Гајтановска, официјално го отвора својот нов простор во Дебар Маало, во центарот на Скопје.

Новата локација е замислена како спој на дизајн, комфор и современа уметност, и претставува проширување на концептот на брендот.

Отворањето ќе биде одбележано со изложбата „Пикник во лавиринтот“ на уметникот Владимир Лукаш, кој се појавува како прв гостин-излагач во новата галериска програма на Lotus Lounge Chair. Циклусот ги преиспитува наративите од грчката митологија, трансформирајќи ги во современ визуелен јазик отворен за повеќеслојни интерпретации.

Лукаш работи со мешана техника – пенкало, пепел, кафе и акрил на хартија, во формат 43×18 см, создавајќи интимни и концептуално силни дела.

Новиот простор ќе функционира како шоурум и галериски амбиент, каде посетителите ќе можат да ги разгледаат и пробаат производите на брендот, како и да присуствуваат на изложби и културни настани.

На 20. декември следува и неформална празнична дружба, како продолжение на отворањето.

Со овој простор, Lotus Lounge Chair ја проширува својата визија — од дизајн бренд, кон место за инспирација, средби и култура.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести