Познат идентитетот на мажот кој претепа фудбалери пионери, кои завршија во болница, на натпреварот помеѓу „Брегалница“ и “Шкупи“

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдија денешниот сериозен инцидент на натпреварот помеѓу фудбалскиот клуб (ФК) “Брегалница“ и ФК “Шкупи“ во рамки на Републичкото пионерско коло на стадионот “Бело Брдо“ во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Повредени две деца: Родител на дете од „Шкупи“ натепа фудбалери пионери на „Брегалница“ во Штип

Инцидентот, како што потврдуваат и од МВР, го предизвика родител на дете од „Шкупи“. Истиот се случи откако играч на “Шкупи“ доби црвен картон и беше исклучен, по што неговиот татко влета на терен и ги нападна играчите на “Брегалница“.

Од МВР велат дека тој е уапсен и дека се работи за лицето А.А. (43) од Скопје.

Од таму потврдија и дека со повреди се две деца од “Брегалница“, кои биле префрлени во Клиничката болница во Штип.

Неофицијално едно од нив е со скршеница на ногата, а другото со повреди на главата. Се работи за деца на возраст од 15 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви повреди имаат фудбалерите пионери кои ги натепа татко на играч од „Шкупи“ на натпреварот со „Брегалница“

Од ФК „Брегалница“ потврдија дека се повредени нивни фудбалери пионери и го осудија инцидентот кој го предизвика родител на играч од “Шкупи“

ФФМ остро го осуди тепањето на фудбалери пионери на натпреварот “Брегалница“ – “Шкупи“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести