Деновиве сме сведоци на бран на историско признавање на Палестина од страна на поголем број на западни земји, меѓу кои се и Канада, Австралија, Франција, Велика Британија, Португалија…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште шест земји ја признаа Палестина, меѓу нив и Франција
Земјите го прават тоа, бидејќи сметаат дека единственото решение за решавање на повеќе деценискиот спор помеѓу Израел и Палестина е постоењето на две држави.
Македонија е цело време воздржана околу оваа прашање и засега не планира да ја признае државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија засега нема да ја признае Палестина
Со новиот бран на признавање, над 150 држави во светот ја имаат признаено Палестина, а голем дел од нив го направија тоа уште во 1988 година, кога Националниот совет на Палестина објави декларација за државата.
Според Обединетите нации, Палестина ја сочинуваат Источен Ерусалим, Газа и Западен Брег, кои не се поврзани помеѓу себе, туку со израелска територија.
Израел кој остро се спротистави на одлуката на бројни западни земји да ја признаат државата, најави дека држава Палестина нема да има.
Мора да се каже и дека изминативе децени Израел во окупираниот Западен брег изгради бројни еврејски населби, кои според меѓународното право се нелегални, а Источен Ерусалим е одамна анектиран од страна на Израел.
Израел најавува и нови еврејски населби во овие делови од Палестина, а како што е познато Газа е тотално уништена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН потврди дека има глад во Газа, Израел се уште не го видел
Само 16 македонски пратеници гласаа за резолуцијата за деблокада на хуманитарната помош во Газа
Фото: Унсплеш