По дождот кој ја зафати нашата држава, температурите се спуштија за неколку степени, а врнежливото време ќе се задржи до понеделник.
Во сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме.
Локален дожд ќе има и во понеделник претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.
Фото/Unsplash