За еден од најпознатите македонски фудбалери на сите времиња, Дарко Панчев, наскоро ќе се снима игран филм, објави државната агенција МИА.
Истиот ќе се снима во Македонија, но и во Србија и Италија, земји во кои Панчев ја градеше својата кариера.
Во филмот зад кои стои продукцијата „Петровски Брадрс“ ќе бидат прикажани сите најинтересни моменти од неговата кариера, но и од животот, неговите лични борби, успеси и падови.
Режисер ќе биде Зоран Петровски, а на сценариото ќе работи Ѓорѓе Милиќевиќ, кој по потекло е од Србија, но повеќе од 60 години живее и работи во Њујорк и Лос Анџелес, САД.
Фото: Фудбалска федерација на Македонија