Запрена постапката за Панчо од ДНК за пожарот во Кочани

Од Основното јавно обвинителство информираа дека е поднесено обвинение за 34 физички и три правни лица за пожарот во т.н. дискотека/кабаре “Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани

За 11 лица, пак, кои беа осомничени за трагедијата, е запрена постапката, бидејќи засега немало доволно докази.

Постапката е запрена и за Владимир Блажев Панчо од групата ДНК, која имаше концерт во т.н. дискотека/кабаре кобната ноќ, а тој е осомничен дека ја внел пиротехниката. Постапката за него е запрена додека е на лекување.

Запрена е постапката и за Александар Карадаковски, управителот на хартија на фирмата ММММ Кафе, на која била издадена спорната лиценца за т.н. дискотека/кабаре. Тој почина додека се лекуваше во Литванија. Работел во т.н. дискотека/кабаре како шанкер, а вистинскиот управител бил всушност првообвинетиот Дејан Јованов – Деки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите обвинети градоначалници за пожарот во Кочани бизнисмени

Кои поранешни градоначалници на Кочани се обвинети за пожарот

Кои поранешни министри се обвинети, а кои не за пожарот во Кочани

Фото: ДНК/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести