Паралелно со акцијата за чистење на Скопје, Ѓорѓиевски отпушти од работа 371 лице од јавните претпријатија

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека отпуштил од работа 371 лице кои или не се појавувале на работното место или правеле злоупотреби, а со отпуштања ќе продолжи и во следните денови.

Тој ги повика институциите да го испитаат случајот со ангажман на возила изминатиов период за чистење во „Комунална хигиена“, возила кои биле плаќани на име на физички лица на име на интелектуални услуги, во износ од 5 до 10 илјади евра.

Синоќа беше започната акцијата која ја најави, Скопје да се исчисти од сметот за 72 часа. На стартот на акцијата се собраа сите градоначалници од скопските општини каде што победија кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а механизацијата стартуваше од Александар Палас.

Фото/Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести