Патнички сообраќај – Транскоп АД Битола во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 6.543 илјади денари искажан во неревидираниот Биланс на успех, информираа од таму преку Македонската берза.
Вкупните приходи изнесуваат 58.314 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период претходната година, бележат зголемување од 3,89%.
Вкупните расходи се во износ од 51.771 илјади денари и бележат намалмување од 3.27% во однос на вкупните расходи во истиот период лани.