Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор

Осомничениот за случајот „Синџир“, Љупчо Пецов-Ѓаволот, кој е во фокусот на јавноста откако поранешниот државен правобранител Фехми Стафа беше уапсен и осомничен за поткуп од 50 илјади евра, кој ги зел од сестрата на Пецов, сам им се предал на органите на прогон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Како што е познато Стафа зел поткуп за да влијае кај судија на Апелациониот суд Скопје, на Пецов да му биде укинат затворскиот притвор, барање кое беше одбиено од Апелација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација го одбила барањето за укинување на притворот за Пецов, за кој Стафа зел поткуп, на 2. декември

Денеска од Кривичниот суд Скопје информираа дека судија на претходна постапка му определил куќен притвор на барање на Јавното обвинителство (ЈО).

Причините за ваквата одлука се дека Пецов доброволно се пријавил на органите на прогон, а и дека од неговата одбрана била доставена медицинска документација според која истиот имал влошена здравствена состојба.

Исто така надлежниот јавен обвинител ценел и дека со спроведување на Пецов во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, па предложил Пецов да добие куќен притвор и дополнителна мерка 24 часовен надзор од Министерството за внатрешни работи (МВР), со која може да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот дел од постапката.

-Со оглед на сето тоа, судија на претходна постапка го прифати предлогот на ЈО и на обвинетиот му определи мерка куќен притвор, како и задолжителен надзор, а воедно одземени му се и двете патни исправи. Против решението на судијата дозволено е право на жалба пред Кривичниот совет, велат од Кривичен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за поткуп од 50 илјади евра

Фехми Стафа доби притвор од 30 дена за поткуп од 50 илјади евра

Стафа зел 50 илјади евра за да убеди судија да укине притвор: Детали за случајот за екс државниот правобранител од Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести