Пет повредени лица во сообраќајка помеѓу четири мотоцикли и четири возила на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Мавровска крстосница-Гостивар, во која учествуваа четири возила и четири мотоцикли.

„Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.

До сега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток),“ велат од МВР.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести