Плати семестар е иницијатива што ќе им помогне на повеќе од 100 млади луѓе од самохрани и еднородителски семејства да ги продолжат своите студии, велат од Здружението Млади од семејна разновидност, кои се иницијатори на оваа акција.
„Многу често, финансиските пречки се причина зошто тие не можат да се запишат или да останат на факултет. Со вашата поддршка, можеме да обезбедиме средства за плаќање на нивниот семестар и така да им дадеме шанса да ја остварат својата цел и да го завршат своето образование.
Бидете дел од промената – инвестирајте во образование и во иднината на младите. Бидете причината зошто некој ќе остане или ќе се запише на факултет. Инвестирајте во знаење – тоа е најмоќната алатка што може да ја промени иднината,“ се вели за кампањата која е активна преку платформата eCrowd.mk.
Повеќе за иницијативата ОВДЕ.
Фото: Unsplash