По 13 години повторно почна со работа нафтоводот Солун – Скопје, кој не беше во функција од 2013 година.
Информацијата ја објави грчката државна агенција АНА-МПА, повикувајќи се на изјава на извршниот директор на „Хеленик енерџи“, Андреас Сиамисис.
Нафтоводот повторно почнал со работа на 31. декември лани.
Според Агенцијата веќе била испорачана првата пратка, а во следниот период ќе следувала и втората.
Нафтоводот ќе пренесува дизел-гориво.
Системот има капацитет да пренесува до 2,5 милиони тони сурова нафта и нафтени деривати годишно, вклучувајќи дизел, керозин и бензин.
Фото: Влада












