Денеска во Македонија има осум активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно кај селото Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде што гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп, кај селото Бешиште, кај местото викано Бешишки Рид, пожарот се шири кон селото Градешница (Општина Новаци) и кон границата со Грција, каде гори мешана шума, помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп), кај селата Галиште и Трстеник (Општина Кавадарци), каде што гори мешана шума и нискостеблеста вегетација, во Општина Македонски Брод, пожарот се шири меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа, зафаќајќи деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во Општина Желино помеѓу селата Церово и Групчин, каде што гори нискостеблеста и деградирана шума, во Општина Крива Паланка, кај селото Нерав, гори висока борова шума, во Општина Кичево, кај селото Горно Црско, каде гори ниска вегетација и ниска шума и кај селото Ќосевица, Општина Македонска Каменица, каде што гори борова шума.
Под контрола се седум пожари: во општините Старо Нагоричане и Куманово, кај селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце, со ширење кон селата Димонце и Коњух (Општина Кратово), каде што гори ниска вегетација, во Општина Петровец, кај селата Средно и Долно Коњаре, каде гори мешана шума, во Катланово, каде гори ниска вегетација, во Општина Македонски Брод, кај селата Грешница и Латово, во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце и во селото Јунузлија, Општина Карбинци.
Фото: Влада