Откако бројни поранешни учесници, но и победници на Евровизија од различни земји, ја осудија одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Израел следната година да учествува на Евровизија, победникот на натпреварот во 2024 година, Немо, преставник на Швајцарија, информираше дека поради одлуката ќе го врати освоениот трофеј.
-Евровизија се претставува како натпревар што се залага за единство, инклузија и достоинство за сите. Токму овие вредности ми дадоа смисла на целата приказна.
Но, фактот дека Израел сè уште учествува – во време кога Независната меѓународна истражна комисија на ООН заклучи дека таму се случува геноцид – покажува длабок јаз помеѓу овие идеали и одлуките донесени од ЕБУ, напиша тој меѓу друго на Инстаграм.
Следната година поради учеството на Израел, Евровизија засега официјално ја бојкотираат дури пет земји.
Евровизија следната година се одржува во Виена, Австрија. Тоа ќе биде 70. издание на натпреварот.
Македонија не учествува на Евровизија неколку години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Исланд ќе ја бојкотира Евровизија поради учеството на Израел
Поради учество на Израел, на Евровизија нема да учествуваат Ирска, Шпанија, Словенија и Холандија












