Откако на 12. март од македонска страна започна обновата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога-Лемос“, кој е затворен 58 години, вчера започна изградбата на истиот и од грчка страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Започна обновата на граничниот премин “Маркова Нога“ од македонска странаa
Онаа што е значајно пред се за граѓаните на двете држави е што со овој премин времето на патување помеѓу Ресен и Лемос ќе се намали од над 2 часа на само 40 минути.
Граничниот премин ќе биде наменет за автомобили и патнички возила до 10 лица, но не и за камиони и автобуси, за да се заштити кревката природна и културна средина на областа.
Работите на граничниот премин треба да завршат до следното лето, а проектот е финансиран од програмата „ЕУ за Преспа“.