Поддршка за Фондацијата „Фросина Кулакова“: Пријавете се за волонтер за годишниот хуманитарен настан „Threads of Light“

Фондацијата „Фросина Кулакова“, која што е создадена во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, ќе организира хуманитарен настан „Threads of Light“, вечер посветена на светлината што ја остави Фросина – спој на уметност, добротворност, музика и човечност.

На настанот е предвидено, на едно место да се соберат пријатели, поддржувачи, уметници и институции кои веруваат во посветла иднина и заедничка акција, и воедно има за цел да собере средства за Фондот за Поддршка на семејства во загуба – програма што обезбедува мрежа за психосоцијална, правна, креативна и финансиска помош на семејства кои претрпеле трагична и неправедна загуба.

„Со приклучување како волонтер, стануваш дел од тим што создава вистинска промена. Ќе придонесеш во организацијата, протоколот, логистиката, поддршката на изложбата и аукцијата – и ќе бидеш дел од нешто многу поголемо од самиот настан. Твојот ангажман е дел од светлината што ја шириме заедно.

Ако ја чувствуваш оваа мисија, те покануваме да се пријавиш и да станеш дел од „Threads of Light“. Вашата волонтерска поддршка директно придонесува во создавање вечер исполнета со светлина, достоинство и човечност,“ велат од Фондацијата.

Фросина Кулакова трагично го загуби животот на 29. јануари.

„Нејзината визија, нејзината хуманост и нејзиниот талент продолжува да живее преку добрината на многумина. Нашата мисија е да изградиме заедница што ја претвора болката во солидарност и надеж, преку поддршка на млади таленти, семејства погодени од трагични настани и иницијативи за подобро и побезбедно општество“, велат од таму.

Како да пријавите за волонтер, прочитајте ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поддршка за Фондацијата „Фросина Кулакова: Донирајте уметничко дело за филантропска изложба и аукција за хуманитарен настан „Threads of Light“

(Фото) Последната колекција на Фросина Кулакова го осветли финалето на Top Model Europe Balkans

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести