Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека на 5.ноември, членот на Управниот одбор (УО), Даниела Ѓоршевска поднела оставка од функцијата.
Од таму информираат и дека Надзорниот одбор на Банката ја именувал Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на УО на Банката, а одлука ќе стапи на сила по добивање согласност од страна на Извршниот одбор на Народната банка.
До тогаш Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата функција како член на УО.
Кадиевска Војновиќ е поранешна вицегувернерка на Народната банка, а беше и член на Надзорниот одбор на КИБС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стопанска банка Битола доби нов сопственик – Алта банка
Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола
Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола














