Постапка за финансиска злоупотреба за поранешниот прв човек на Фудбалската федерација на Македонија

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.

Постапката, како што информираа од таму, се поведува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на УО, поврзано со авансна исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

„Исплатата, согласно достапната документација, била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор и спротивно на понудата и надлежностите и без да биде обезбедена банкарска гаранција“, соопшти ФФМ.

Според УО на ФФМ, „постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и делување спротивно на интересите на ФФМ, со што се нанесени негативни последици врз репутацијата и финансиското работење на федерацијата“.

Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести