Посвежо време до понеделник, потоа стабилизирање на времето

Денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести