80. општини и Градот Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, или 190 милиони евра, покажува истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
„Само во 2024 година, вредноста на општинските тендери пораснала за 16 проценти, односно за 26 милиони евра. Најголем скок во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.
Град Скопје за прв пат го загуби приматот и со годишен пад на вредноста на тендерите од 11,5 милиони евра, се наоѓа на шестото место.
Општините склучиле договори за јавни набавки со 1.210 фирми. Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.
На врвот според вкупната вредност на договорите е ЕДС (Енерџи деливери солушнс) со вредност на договорите од 500 милиони денари, односно околу 8 милиони евра.
Општините трошат на јавни набавки просечно по 28% од своите буџети. Најголема вредност на набавки по жител има Дојран, 675 евра, а најмала Градот Скопје, само 14 евра,“ се вели во истражувањето.