Денеска активни девет пожари, еве каде се

Во Македонија утринава има активни девет пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Станува збор за пожари помеѓу Чучер Сандево и Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во селото Визбегово во Општина Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп во селото Бешиште, кај местото викано Бешишки Рид, каде гори мешана шума, во Македонски Брод, каде со пожар се зафатени дабова шума и грмушки, помеѓу селата Црешнево и Локвица, каде гори ниска вегетација, проширен е пожарот од фабриката „Самоков“ во селото Рамне, гори и мешана шума во селата Слатина и Ковче, пожар има и во Општина Чашка, под Солунска Глава, на местото викано Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, а гори и нискостеблеста шума во селото Николиќ во Дојран.

Вчера имало дури 63 пожари. Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.

Локализиран е пожарот во Кочани, на местото викано Бабиште, помеѓу селата Јастребник и Полаки, со кој се зафатени ниска вегетација и мешана шума.

Под контрола се пожарите во Делчево на Градска депонија „Острец“, помеѓу Виница и селото Драгобраште, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума, во Крива Паланка помеѓу селата Градец и Лозаково, каде гори борова, дабова и багремова шума и помеѓу Желино и Ларце, каде гори мешана шума. 

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести