Уште гори на Јасен

До попладне во Македонија има само еден активен пожар, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во повеќенаменско подрачје Јасен во Општина Македонски Брод, се уште гори мешана шума.

Два пожари пак се целосно изгаснати, во Општина Битола во селото Српци, каде горела ниска вегетација и во Општина Струмица во селото Банско каде горела депонија.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести