Активни четири пожари во Македонија, еден под контрола

Денеска до 18:00 часот во Македонија има четири активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Се уште е активен пожарот во Општина Македонски Брод во повеќенаменско подрачје Јасен, каде гори мешана шума, во Општина Маврово и Ростуше во селото Церовон, каде гори искостеблеста дабова шума и сеча, во Општина Гостивар во Неготинска петља кон атарот на селото Чегране, каде гори ниска вегетација и во Општина Крушево во селото Светомитрани, каде горат ниска вегетација и грмушки.

Под контрола е пожарот во Општина Прилеп во селото Беловодица кај место викано Ливада, каде гори букова шума.

Изгаснати се осум пожари.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести