Пожарот во Трубарево под контрола, активни четири

Денеска во Македонија има четири активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Гази Баба во селото Виниче на местото викано Муратица, каде гори нискостеблеста шума, во Општина Гевгелија на планината Кожуф кај селото Петрово, кој е приземен пожар – гори лисна маса, во Општина Липково во селото Никуштак, каде гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума и во Општина Зелениково во селото Вражале, каде горат борови насади.

Под контрола е пожарот во Општина Гази Баба во селото Трубарево, каде гори електричен отпад.

Изгаснати се 15 пожари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести