Познат идентитетот на мажот и жената од Македонија кои загинаа во несреќата на автопатот Белград- Ниш

Познат е идентитетот на мажот и жената од Македонија кои вчера загинаа во несреќата на автопатот Белград- Ниш, Србија, во близина на клучката Умчари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж и жена од Македонија загинаа во Србија, на автопатот во близина на Ниш, едно лице се бори за живот

Во возилото кое излетало од коловозот биле браќата Назим и Шкелзен Авдиу, и сопругата на Шкелзен.

На лице место, како што пренесуваат српските медиуми, загинале Назим Авдиу и сопругата на Шкелзен.

Шкелзен Авдиу се здобил со тешки телесни повреди и е во кома. Тој е хоспитализиран во Ургентниот центар во Белград.

Тие се враќале во Македонија од Германија.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести