Познати броевите на партиите на гласачкото ливче за локалните избори

Познати се редните броеви на партиите и коалициите на гласачкото ливче за престојните локални избори, кои ќе се одржат на 19. октомври.

Броевите беа утврдени денеска од страна на Државната изборна комисија (ДИК), со ждрепка.

Под реден број 1 е коалицијата Искуство за успех, по број 2, ЗНАМ, под број 3, Демократска партија на Србите, под број 4 е Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ, под број 5 е Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ, под број 6, Левица, под број 7, Коалиција Вреди, под број 8, Коалиција за Зелена иднина и под број 9, Коалиција Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести