Познато и кои други проекти ќе се финансираат од заемот од Обединетото Кралство

Вчера во македонското Собрание со 76 гласа „за“ беше изгласан Законот за ратификација на договорот помеѓу владите на Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Собранието изгласан Договорот со Обединетото Кралство

Како што е познато Македонија ќе позајми 6 милијарди евра од Обединетото Кралство, а Законот ги откри и другите проекти за кои ќе бидат инвестирани овие пари.

Со заемот ќе се прави и реконструкција на Универзитетскиот клинички центар, градски болници во Скопје и во регионот Охрид – Струга.

Исто така, новина е и финансирање на Транспортниот Коридор 8, како и инвестиции во сајбер безбедноста и дигитална трансформација.

Од порано е познато дека пари ќе се трошат и за брзата железница Гевгелија – Табановце, болниците во Штип, Тетово и Кичево и хидроцентралите Чебрен и Галиште.

Во договорот е наведено дека рамката за соработка ќе трае 10 години.

Засега останува непознато колкава ќе биде каматната стапка за заемот и грејс периодот. Познато е дека таа ќе биде различна за секој проект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку ќе изнесува каматната стапка за заемот од Обединетото Кралство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести