Пратеничките бараат институциите да превенираат фемицид и да превземат мерки на заштита на жртвите на насилство

Пратеничките бараат од надлежните институции да ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот. Тие повикуваат на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција на насилството врз жените.

„Ние едногласно ги поддржавме измените на Кривичниот законик со кои фемицидот се препознава и се третира како кривично дело. Ние, жените од Парламентот едногласно, остро и силно ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид!

Бараме од судските органи да ја имат во предвид ратификуваната Истанбулска Конвенција и одредбите од Кривичниот Законик кои се усогласени со истата. Фемицидот е најтежок облик на насилство врз жените само затоа што се жени!

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, а тоа треба да го обезбедат СИТЕ институции во државата,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Системот не ги штити доволно жените – жртви на насилство, утврди ДЗР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести