Правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација, оценка на меѓународните набљудувачи за изборите

Шефот на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, Матео Мекачи оцени дека изминативе недели имало конкурентна изборна кампања, а денот на изборите поминал претежно мирно, но посочи дека и понатаму остануваат загрижувачки недостатоците во изборното законодавство кои го поткопуваат работењето на институциите.

Мекачи посочи дека основните слободи биле почитувани, а кандидатите можеле слободно да водат кампања, но биле забележан случаи на злоупотреба на јавни ресурси, како и притисоци врз вработени во јавниот сектор, заплашување на гласачи и купување гласови, што предизвикало загриженост кај набљудувачите.

„Извештаите за притисоци, заплашувања и злоупотреба на јавни ресурси се спротивни на меѓународните стандарди и остануваат сериозен предизвик,“ изјави Мекачи,

Тој се осврна на финансирањето на изборната кампања, додавајќи дека потребни се реформи кои ќе овозможат еднаков пристап на сите кандидати, до медиумите.

Во извештајот е нотирано дека јавните средства сочинуваат значаен дел од вкупното финансирање, но нивната распределба, ги фаворизира поголемите партии, оставајќи „само ограничени можности“ за малите партии и независни кандидати.

Шефицата на Делегацијата од Конгресот на Советот на Европа, Гобинт Ни Вимнехан го посочи проблемот со отсуството на локални медиуми, надвор од главниот град, што го ограничува покривањето на теми од локално значење и придонесува за поларизација на јавниот дискурс.

Шефицата на делегацијата на Европскиот парламент, Марта Темидо изјави дека иако европската интеграција не била во центарот на изборната кампања, од повеќето од партиите разбрале дека мнозинството остануваат посветени на членството во ЕУ. Од тука таа им препорача на новоизбраните локални власти да го унапредат процесот на европски реформи во својата земја.

Генералната оценка на меѓународните набљудувачи е изборите се одвивале во атмосфера на разочараност од политиката и широко распространети перцепции за корупција, граѓаните имале избор меѓу различни политички алтернативи, но биле засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести