Преку поддршката на релито „EKO Acropolis Rally 2025“, брендот ЕКО на HELLENiQ ENERGY испрати моќна порака за безбедност на патиштата

Автомобилското рели „EKO Acropolis Rally 2025“ и оваа година повторно беше центар за вистинските адреналински ентузијасти. Во четири региони во Грција, 69 екипи од 31 земја приредија вистинска рели акција и со своите возила поминаа 345 километри.

Натпреварувачите возеа по тешки патеки со чакал во Коринт, Централна Грција и Тесалија, сѐ до одржувањето на „EKO Athens Super Special Stage“ во Запеион, нудејќи им на посетителите незаборавни моменти.

EKO, член на HELLENiQ ENERGY водечка компанија во Југоисточна Европа на енергетскиот пазар, даде поддршка на „EKO Acropolis Rally 2025“, со што овој значаен настан го подигна своето реноме и привлече врвни учесници во овој спорт.

-Покрај поддршката на овој настан, HELLENiQ ENERGY, преку ЕКО ја истакна својата општествена одговорност преку промовирање на клучните постулати за одговорно учество во сообраќајот.

Во рамките на настанот беше промовирана култура на безбедност на патиштата преку новата национална кампања за подигање на свеста. Платформата „EKO Acropolis Rally – Безбедност на патиштата“, е дел од стратегија за корпоративна одговорност, имплементирана во соработка со министерствата за спорт, инфраструктура и транспорт, заштита на граѓаните и грчката полиција, велат од таму.

Во специјално дизајнираниот павилјон на EKO во Запеион, службениците на сообраќајната полиција комуницираа со посетителите, претставија опрема за следење и организираа едукативни активности наменети за деца и за возрасни, поврзани со безбедни практики на возење. Преку главната порака „Забави“, ЕКО Акрополис Рели испрати моќен апел за поголема безбедност на патиштата.

Како дел од групацијата HELLENiQ ENERGY, ОКТА исто така спроведува низа активности за подигнување на свеста за важноста на безбедноста во сообраќајот. Преку платформата „Јас внимавам“ и поддршката за кампањата „Вози одморен“  која се спроведува во партнерство со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Министерството за внатрешни работи, се реализираат активности кои на иновативен начин информираат, едуцираат и алармираат за поголема одговорност во сообраќајот, посочуваат од таму.

Во 2017 година оваа платформа беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести